Силјановска-Давкова и Спасеновски – можни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Гордана Силјановска-Давкова – актуелна пратеничка и професорка по уставно право и екс пратеникот, професорот по уставно право, Александар Спасеновски се дел од имињата што во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се вртат како можни претседателски кандидати на изборите следната година.

Двајцата најверојатно се дел од листата со 22 имиња за кои партијата го мери рејтингот како потенцијални кандидати за иден шеф на државата.

Засега не потврдуваат дали би можеле да влезат во претседателската трка.

Силјановска-Давкова, која во 2019 загуби од Стево Пендаровски во претседателската трка, за „360 степени“ вели дека размислува околу претседателската кандидатура, но истовремено има и многу дилеми.

Спасеновски, пак, е еден од оние личности за кои се шпекулира дека се во најтесниот круг за избор на кандидат за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во гостување во емисија на тв21 ниту ја потврди, ниту ја негираше оваа информација.

Поврзани новости