Силјановска Давкова: Џафери вчера се однесуваше како командант!

by Fokus

Не е прв пат да сме затворени, вели универзитетската професорка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител по вчерашниот настан во Собранието кога беа затворени во собраниската сала од страна на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и додаде дека во салата во тој момент биле присутни само пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина од СДСМ, но не и пратениците од ДУИ.

„Интерпелацијата не е само за вчерашното однесување, туку за континуираното однесување на Џафери.  Впрочем, ова не е прва интерпеалција и никој не ни верува кога ќе кажеме дека сме поднеле интерпелација и дека завршила во неговата фиока. Не ми е јасен одговорот на кабинетот и нема што кабинетот да комуницира со нас, јасно беше дека вчера претседателот се однесуваше како командант“, кажа Силјановска Давкова.

Поврзани новости