Силен земјотрес регистриран во Јапонија

by fokus

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти Американскиот завод за геолошко истражување (УСГС).

За сега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 39 километри, на 116 километри југоисточно од Кагоџима.

Земјотресите се честа појава во Јапонија, едно од сеизмолошки најактивниот регион во светот.

Јапонија е погодена од околу 20 отсто од сите земјотреси во светот со интензитет од шест или над шест степени.

Поврзани новости