Шврговски: Ќе се жалиме, Грујевски треба да добие ослободителна пресуда

by Fokus 16:26
16:26

Адвокатите на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, најавија жалба на пресудата за една и пол година затворска казна, по завршувањето на денешното рочиште на кое судијката Лидија Петровска ги соопшти пресудите и казните за обвинетите во случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

– Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на став дека не постои како објект на заштита службена исправа која може да биде предмет на ова кривично дело. Очигледно, со судот имаме различна диоптрија на гледање на работите и од тие причини ние ќе поднесеме жалба на овие околности и на околностите околу надлежноста што ја оспоривме во текот на завршните зборови – изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

- Advertisements -

Поврзани новости