Судската пресуда за Грујевски e партиско-политичка нарачка, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Судската одлука за случајот „Тврдина 2“ значи подривање на правната држава и нема никаква правна основа, туку е партиско-политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска Кривичниот суд ги прогласи за виновни екс началникот на Петта управа, Горан Грујевски и шесте службенички.

„Ова е апсурден предмет со кој се обвинува за фалсификат, а се става на товар дека наводно биле уништени исправи со вистинита содржина. Апсурдот да биде поголем, ваква инкриминација не постои во актуелниот кривичен закон, односно СЈО го промашило кривичното дело поради нестручност, незнаење или сервилност за извршување на политичките наредби – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости