Шверцувал суво овошје од Северна Македонија

by Fokus

Албанската гранична полиција открила случај на шверц на стока од Северна Македонија во Албанија, при што уапсен е возачот на комби возило, со кое се превезувала осомничената шверцувана стока, а по едно лице се трага.

-Службите на граничната полициска станица Поградец запреа комбе „форд“ во село Лин, Поградец, управувано од албанскиот државјанин Љ.Б. во кое при проверка се пронајдени и како материјални докази одземени десетици кутии сушено овошје, прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Се додава дека по процедурални дејствија, специјалците за истражување кривични дела при Полициската станица Поградец, го привеле Љ.Б.(34) жител на село Лин, а по неговиот соучесник И.Г. (37), жител на село Бучимас, Поградец, се трага.

Пред судските органи во Подградец тие ќе одговараат за сторено кривично дело „криумчарење друга стока“, извршено во соработка.

Поврзани новости