Шведската министерка Линд разочарана што се уште нема преговори со ЕУ за Македонија

by Fokus

Шведската министерка за надворешни работи, Ана Линд на денешната прес-конференција порача дека е разочарани што се уште нема преговори со ЕУ за нашата земја.

И покрај одолговлекувањето, Линд порача дека граѓаните не треба да бидат обесхрабрени, а самата реформа е добра за граѓаните.

„Разочарана сум што се уште нема преговори за Северна Македонија. Јас цврсто верувам дека преговорите требаше да бидат започнати во март 2020 година и требаше да донесе едногласна одлука за ова. ЕУ има обврски кон Северна Македонија и ги поттикнувам сите домпломатски напори за ова прашање. Бугарија не треба да го блокира ова прашање. Реформите се спроведуваат заради граѓаните на оваа држава и реформата е добра за нив“, истакна Линд.

Поврзани новости