Шведска по 20 години стана европски шампион

by Fokus

Шведска стана европски шампион во ракомет – со само еден бод разлика (27:26), со погодок од пенал на Никлас Егберг, вечерва во Будимшпешта ја победи и ја детронизираше  репрезентацијата на Шпанија.

Во самиот крај на натпреварот, при резултат 26-26, Кањељас не постигна гол, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг ѝ ја донесе победата на Шведска.

По дури 20 години, ова е петти златен медал на континенталните натпреварувања за Шведска, а „фуријата“, во последниве две години ја бранеше титулата, но вечерва не успеа да дојде до уште едно злато.

Поврзани новости