Швајцарската полиција откри пет килограми марихуана во српски автобус

by Fokus

Швајцарската полиција денеска откри и заплени пет килограми марихуана во автобус со српски регистерски таблички.

Како што јави Танјуг, полицијата притоа привела едно лице по потекло од српскиот град Нови Пазар, кое живеело во Швајцарија.

Покрај марихуната, во багажот на приведениот, швајцарската полиција пронашла и оружје.

Автобусот сообраќал на релација од Нови Пазар до Швајцарија.

Поврзани новости