Штрајк на цариниците: Во Грција со автомобил се влегува само преку „Евзони“

by Fokus

Поради штрајк на грчките цариници, од изутрина во пет часот се затворени за сообраќај граничните премини „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму информираат дека штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и ќе се пропуштаат само пешаци.

Според најавата, на „Евзони“ до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци, додека пак, на преминот „Ники“ ќе се штрајкува до утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.

Поврзани новости