ВМРО-ДПМНЕ: СДС има влада 6 месеци и сега поседува апсолутна власт, ниту живот донесоа, ниту воздухот е почист

by Fokus

„Од животот кој го ветуваше СДС досега само се видоа планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на граѓаните, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Врвот на лицемиерието е што од една страна владата на СДС вели ќе воведе зголемен персонален данок за побогатите, а во реалноста удира по најсиромашните со тоа што најавуваат забрана за движење на постари возила кои ги користат оние со потенок џеб и примања, поскапа нафта, како и поскапување на паркингот. И наместо живот за сите, за кус период од една недела СДС најави зголемена акциза за нафта, со која на семејствата ќе им одземе по една просечна плата месечно, зголемен персонален данок, зголемени цени на паркинг услугите во Центар и на ниво на Град Скопје, како и најави за поскапување на сметките за водата. СДС има влада 6 месеци и сега поседува апсолутна власт, ниту живот донесоа, ниту воздухот е почист – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости