Што раскажуваше Шаулиќ за периката: Ја фрлив вештачката коса и почнав да дишам!

by Фокус

Легендарниот фолк-пејач Шабан Шаулиќ (68), кој денес го изгуби животот во сообраќајна несреќа, покрај по големите хитови, во минатото беше познат и по интересната перика која постојано, со години ја носеше, уште од осумдесеттите години на минатиот век. Пред неколку години, тој конечно ја тргна периката и се појави во своето природно издание, без коса. За неговата промена тогаш пишуваа голем број на медиуми од регинот, кои го следеа секој чекор на музичарот. Во разговор за Курир.рс, набргу откако ја извади периката, Шаулиќ раскажа зошто со години криел дека нема коса.

-Имав голема мака поради тоа. Многу ми беше непријатно. Во еден период од животот започнав да ја губам косата. Моите пријатели и тогашниот менаџер ме посоветуваа да ставам перика. Ми сметаше, но им верував на луѓето кои ме советуваа. Но, што ми фали сега? Ми олесни кога ја извадив периката и почнав да дишам! Ако немам коса, имам глас! Мене публиката ме сака поради песните, а не поради тоа што сум ќелав. Кога ја носев таа вештачка коса, постојано се плашев да влезам во вода или да одам на фудбал. Постојано го имав тој притисок на главата и тоа страшно многу ме нервираше. Откако не ја носам, прогледав! – изјави пејачот во интервју пред две години.

Шаулиќ зад себе имаше пет децениска кариера. Беше еден од музичарите чии албуми беа најпродавани во времето на екс Југославија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости