Ахмети тврди дека Села и Касами одбиле соработка за претседателските избори

by Фокус
Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека двете албанските опозициски партии предводени од Зијадин Села и Биљал Касами го одбиле неговиот предлог за заеднички кандидат-Албанец на претседателските избори.
-Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова – рече Ахмети во интервју за РТК.
Тој потврди дека утре ќе оствари средба со коалициските партнери предводени од СДСМ.
-Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник – рече лидерот на ДУИ.

Поврзани новости