Заев доби амин од традиционалните партнери за преговори со албанските партии за консензуален претседателски кандидат

by Фокус

Лидерите на предизборната коалиција на СДСМ на денешната средба на Бихаќка постигнала начелна согласност да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата и заеднички да настапат на претстојните претседателски избори уште во првиот круг, соопштија од владејачката партија.

„Договорено е да продолжат пошироки консултации во рамки на самите партии, кои се дел од коалицијата, за избор на најсоодветен заеднички кандидат за претседател на државата, во интерес на граѓаните. Заеднички е оценето дека на Република Северна Македонија и нејзините граѓани им е потребен вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека лидерот на СДСМ Зоран Заев во име на коалицијата ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Поврзани новости