Штипјанец убил куче со пиштол

by Fokus

Јавноста на истокот на Македонија е потресена откако денеска жител на Штип застрелал куче со пиштол. Како што пренесува ТВ Стар, инцидентот се случил во паркот кон викенд населбата Суитлак, пред неколку случајни минувачи.

Имено, станува збор за куче-скитник, во кое штипјанецот испукал еден куршум и избегал од местото на настанот со автомобил.

Видот на возило и идентитетот на штипјанецот, не се познати.

Поврзани новости