Шпанија го предаде протоколот во Стејт департментот, Македонија пред формално членство во НАТО

by Фокус

Шпанскиот амбасадор во САД, Сантијаго Кабанас, денеска во Стејт департментот го предаде оригиналниот документ за ратификацијата од шпанскиот Сенат на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, објави на Твитер шпанската амбасада во Вашингон.

Откако во вторникот беше изгласан во Сенатот, истиот ден и кралот на Шпанија Фелипе VI го потпиша ратификациониот инструмент, по што Стејт департментот треба да ги извести сите сојузници и седиштето на НАТО дека ратификацијата завршила во сите земји членки.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, потоа треба да испрати писмо до македонските власти за да го депонираат Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во седиштето на Алијансата во Брисел, со што земјава и формално ќе стане членка на Алијансата.

Поврзани новости