Заразениот доктор од Дебар бил на собрание на Алијансата за Албанците: Не се поздравив со никого!

by Фокус

Лекарот од Дебар, Арбен Аголи, кој пред неколку дена се изјазни дека е позитивен на коронавирус, бил присутен на Централното собрание на Алјансата за Албанците предводена од Зијадин Села.

-Бев присутен на Централното собрание на Алијансата за Албанците, но носев маска за заштита и ракавици. На средбата не се поздравив со никого и седев многу далеку од другите – изјавил Аголи за весникот „Коха“.

Инаку Централното собрание на АА се одржа минатата среда, по што многу членови од партијата се тестирале бидејќи биле во друштво со лекарот, но засега никој не е позитивен на коронавиурсот.

Поврзани новости