536
Во Ѓорче Петров како и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти, истакна на маалска средба во Ѓорче Петров Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.
-Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, а започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров. Ги расчистуваме диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров – посочи Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници.