Рекордни поплави во Њујорк

by Фокус

Њујорк и Њу Џерси беа последни на патот на ураганот Ајда пред да ја намали силата и да премине во тропска бура.

Неговиот удар врз Њујорк беше катастрофален, со оглед дека за еден час во Менхетен наврнаа рекордни 80 милиметри дожд.

Луѓето немаа време за повлекување, панично возеа да се вратат во своите домови, некои од нив заглавија во возилата.

Водата неконтолирано излегуваше од уличните шахти, навлезе и во метрото, но и во многу домови и згради, а станарите со вода до колена чекаа да дојдат на ред за пожарникарите со црева да почнат да ја извлекуваат.

Силината на водата беше кобна за седум луѓе кои останаа заглавени во подрумите, и за нив немаше спас. Пронајдено беше и тело на двегодишно дете, и постар човек и со тоа бројката на загинати порасна на девет.

За властите на Њујорк, ова е историско невреме со брутални поплави, поради што е прогласена вонредна состојба.

Над пет илјади домаќинства немаат струја. Во градот е забрането движење, сите метро линии се затворени, а голем дел од авионските летови откажани.

Поврзани новости