Шилегов: Скандал е вработувањето на сопругата на Самак во германската фирма

by Фокус 15:23
15:23

Сега, откако министерот за странски инвестиции Веле Самак, си ја згрижил на висока позиција во странската фирма во Велес неговата сопруга, тој и Груевски треба да им објаснат на граѓаните: Какви и колкави привилегии им дава Владата на компаниите во земјава, што вработуваат сопруги и членови на семејствата на министрите, праша денеска гласноговорникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Случајот со вработувањето на сопругата на министерот за странски инвестиции Веле Самак во германската фирма во Велес е скандал. Фирмата во којашто е вработена сопругата на Веле Самак е примател на државна помош во XXX евра од Владата, за создавање нови работни места. Ова ХХХ евра буквално вака е наведено еве во овој документ што се однесува на германската фирма. Колку плаќаат граѓаните на Македонија за платата на сопругата на Веле Самак – праша Шилегов и побара Антикорупциската комисија итно да реагира за овој случај.

- Advertising -

Поврзани новости