Шилегов: Дали средбата со Јолевски е причина за изјавата на Рорабакер за поделба на Македонија?

by fokus

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска побара објаснување од Зоран Јолевски за содржината на разговорите со американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, по неговата контроверзна изјава за распад и поделба на Македонија.

-Министерството  за одбрана пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот Јолевски.  Дали тоа биле приватни или службени средби и дали македонската јавност треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски? Ако според официјалните информации посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети? Кој го платил преклопувањето на партијата и државата и дали Јолевски од позиција на министер лобирал за партиски интереси?, праша Шилегов.

Тој додаде дека недозволиво е министер за одбрана да користи привилегии за да организира приватни екскурзии и средби низ светот, а веднаш по неговите средби да излегуваат изјави дека Македонија наводно ќе се распадне.

Поврзани новости