Жбогар: Да не драматизираме, ситуацијата во Македонија не е толку тешка

by fokus

Евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар денеска од Берово изјави дека на партиите треба да им се даде повеќе време за да направат влада и дека не треба да се прави драма од тоа.

-Не мислам дека состојбата во земјата е толку тешка, не треба да драматизираме. Имавме избори и нормално е да се даде повеќе време за да можат политичките лидери да формираат влада. Гледам дека политичките партии се веќе ангажирани. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои што се поторебни, изјави Жбогар.

Поврзани новости