Шестмина повредени во судир на автомобили на мостот на реката Сатеска во Струга

by Fokus

Шестмина се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди, во сообраќајна несреќа што се случи вчера вечер, по судир на два автомобила кај мостот на Сатеска во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 13.05.2023 околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(34) од Струга и „автомобил Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(37) од с.Љубаништа, охридско. Во несреќата возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило, Т.П.(33) од селото Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „Ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо““, велат од полицијата.

Поврзани новости