Шестмина починати од Ковид-19 во изминатите 24-часа

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 129 заразени со корона вирусот. Од Министерството за здравство информираат и дека починати се 6 граѓани, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 109 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Поврзани новости