Градоначалникот Коцевски: МВР да испита дали во Велес има проституција на јавен простор

by fokus

Гадоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција извести дека испратил барање до МВР да ги испита информациите дека во одредени делови од градот, има проституција на јавен простор.

„Се сретнав со незадоволни граѓани кои што живаат во Чешелот. Тие реагираат на неподносливите услови за живеење во текот на ноќните часови кои ги предизвикуваат незадоволните коцкари кои ги користат машините во казината кои се наоѓаат во поранешната Стоковна куќа. Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација“, истакна градоначалникот Коцевски.

Освен на оваа локација, Коцевски бара засилени контроли на полицијата и во останатите делови од градот, каде според информациите кои што ги добил од граѓаните, до раните утрински часови се собираат млади луѓе, кои прават бучава и ги оставаат жителите на тие места без сон.

„Има поплаки заради големата галама што се прави во ноќните часови, што им го загрозува квалитетот на живење на граѓаните кои што живеат во зградите на фонтаната и кружниот тек во нова населба“, посочи Коцевски.

Поврзани новости