542
Свесни сме дека во инцидентите во затворот Шутка, најверојатно имало и политички игри и нив институциите ќе ги докажат, рече вицепремиерката Радмила Шекеринска, одговарајќи на прашања на граѓанската трибина во Битола.
-Зарем е случајно тоа што кога на Груевски му требаат дополнителни оправдувања зошто избегал од нашата држава, сега да ни се случуваат такви работи? Тоа е баш денот кога Собранието требаше да дискутира за одземање на имунитетот на еден од вмешаните за настаните на 27 април. Очигледно е дека внатре во законот се правеле и одредени покрупни игри за да се оправда и да се обели образот на политичарите, не само што беа во затвор, туку тие што се надвор од затворите бидејќи избегаа. Тоа ќе го покаже се надевам истрагата. Меѓутоа ние не сме Влада која ќе седи на страна и ќе речеме не носиме одговорност, рече Шекеринска.