Оскари за најуспешните битолчани, фотографот на „Фокус“, Томислав Георгиев меѓу добитниците

by fokus

Викендот во Битола беа доделени “Оскарите” на Битолски весник, кои 20 години се доделуваат на нејзините сограѓани, кои со своите успеси и постигања се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола.

​Во изминатите 19 години Битолски весник има наградено над 800 битолчани, а на оваа бројка се приклучија уште триесетина битолчани, кои ја одбележаа минатата 2018 година и кои дадоа свој придонес за своја лична афирмација и за афирмацијата на Битола.

Меѓу најуспешните битолчани за 2018 година се најде и фототографот на „Фокус“, Томислав Георгиев, кој доби посебно признание.

Фотографии: Димитар Петковски

Поврзани новости