Шекеринска: Проблемот со Охрид стана видлив, кога ДПМНЕ го донесе Субрата да го прави Лас Вегас

by Fokus
Ова е многу важно прашање, не е само важно прашање Охрид и Струга, не само важно прашање за 5-ка, за цела држава е важно прашање, и мислам дека не треба да се криеме зад точките и запирките во законите, изјави Радмила Шекеринска, носител во петтата изборна единица од коалицијата „Можеме“.
Според неа проблемот со статусот на УНЕСКО на Охридското езеро и на целиот регион особено стана видлив од моментот кога една Влада дозволи Субрата Рој да се шета низ државата како спасител и да пропагира дека од Охрид ќе направи Лас Вегас.
-Ниту стана Лас Вегас, се испостави дека парите и не постојат што може да го спасат Охрид и неговиот статус. Но, од тој момент мониторингот стана многу посилен и уште во април 2017-та година незабележано помина во јавноста, потенцираше таа.

 

Поврзани новости