Шекеринска: Ниту големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени

by fokus

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска го проследи прогласувањето на победникот на изборите во САД во хотелот Александар Палас во Скопје при што изјави дека сепак и е жал што жена не станала претседател на Америка.

-Не можам да кажам дека не жалам што не победи жена. Изборите во САД покажаа дека дури и големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени. Сите укажуваа победа на Клинтон, но се случи спротивното. Тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шеќеринска по победата на Доналд Трамп.

Поврзани новости