Социјалдемократскиот сојуз денеска организира митинг во Кичево. На сцената во моментов говори потпретседателката Радмила Шеќеринска.
Бесплатно здравство е едно од ветувањата на СДСМ, а Шеќеринска вечерва најави и поголеми плати за докторите.
-Основната плата ќе ја зголемеме за 15 проценти во првите шест месеци. До крајот на 2020-та платите на докторите специјалисти ќе изнесуваат и 100 000 денари. За да ги зачуваме! За да не ни бегаат „мозоците” надвор од државата. – рече Шеќеринска.
Таа ги ги повика граѓаните да се одважат и да стават крај на актуелната власт.
-Десет години ни поминаа во неизвесност и страв и неизвеност за утре… Со Груевски нема живот во Македонија, ниту за неговите членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои секој ден мораат да излегуваат на митинзи, на контра протести, да носат списоци со кои ќе докажуваат дека животот ќе го вложат за тој да остане на власт…По десет години напишале слоган “Почнуваме!”. По десет години почнувале. Не, после десет години конечно ќе завршите – порача Шеќеринска.