Шекеринска бара истрага за вчерашните снимки: За прв пат слушнавме за насилство кон семејства

by Фокус 15:02
15:02

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска изјави дека ги слушнала вчерашните снимки што се појавија на јутруб, на кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот оштетен во случајот „Рекет“. Таа побара надлежните институции да ги истражат снимките.

-За прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, но не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија, измина низ период кои заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати и очекуваме институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна. Меѓутоа, ако се прашува СДСМ, ние сметаме дека времето на насилство е зад нас – рече Шекеринска.

- Advertising -

Воедно, таа праша како е можно ВМРО-ДПМНЕ да ја заврши кампањата со минус од 400.000 евра и притоа, како што рече, никој да не реагира?

Поврзани новости