Една фирма на Георгиевски направила профит од половина милион евра за 2 години, а друга должи 130.000 евра за данок

by Фокус

Градежната компанија „АМГ Едилха“, каде што доминантен удел поседува екс премиерот Љубчо Георгиевски, инкасирала 3,3 милиони евра од буџетот врз основа на договорот за реконструкција на струмичката болница, при што само минатиот месец на сметка на компанијата легнале над 370.000 евра.

Како што пишува најновиот број на неделникот Фокус, истовремено „АГМ Едилха“ и должи на државата околу 130.000 евра, така што една половина од долгот е направен врз основа на неплатен ДДВ, додека другата половина поради неплатен данок на добивка.

Додека оваа компанија книжи високи приходи, но одвај излегува во позитива поради високите расходи, матичната компанија на Георгиевски – „Вип Проект“, остварила профит од над половина милион евра само во последните две години.

Од оваа компанија, преку која всушност експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-НП поседува две третини од удделите во „АГМ Едилха“, велат дека редовно го пријавуваат долгот и дека го сервисираат со одреден ритам.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости