Стоилковски: Вчерашните снимки се притисок врз сведокот во „Рекет“, власта сака да се затскрие

by Фокус

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, оцени дека вчера објавените аудио снимки претставуваат начин на притисок од страна на власта со цел, како што рече, да се испере и затскрие во судскиот процес „Рекет“.

-Во Рекет се работи за човек на кој цела влада и обвинителката и обвинетата му беа на неговото крунисување, така што се што се презема сега е само во насока на власта да може да изврши притисок врз главниот сведок, а можеби и оштетен за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа афера – рече Стоилковски.

Инаку, вчера на јутјуб беа поставени 7 аудио снимки од разговор во кој се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот оштетен во случајот „Рекет“.

Поврзани новости