Шефот на човечки ресурси во Кривичниот суд му е советник на Заев

by fokus

Шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, задолжен да го подучува претседателот на владата за социјални прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица. Несвојствено за новинарите тој секогаш присуствува како јавност во случајот „Поткуп“ каде обвинет е токму Зоран Заев. Владата потврди дека Стаменковски е ангажиран како надворешен соработник, но не препознава судир на интереси, објави Алсат М.

Влада на Република Македонија:

Горан Стаменковски работи во администрација, раководител на служба за човечки ресурси. Оттаму нема никакво влијание над процесите од правосуден аспект.“

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев не знае дека негов колега лично го советува премиерот Зоран Заев. Дополнително судот ќе ја проверува информацијата.

Поврзани новости