Општина Струмица: Земјиштето го купи Брндевски, на Договорот за отстапување не е потпишан Заев

by fokus 18:48
18:48

Општина Струмица најодговорно ги демантира инсинуациите за наводен судир на интереси, пласирани во јавноста преку денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираа од општината.

-Вистината вели дека Општина Струмица, по пат на електронско јавно наддавање, изврши продажба на споменатото градежно земјиште, а истото го купи физичкото лице Сашко Брндевски, за кое согласно Законот за градење, доби и одобрение за градба. Подоцнежната промена на инвеститорот е направена врз основа на Договор за отстапување на право на градење, а на Решението за промена на инвестор не стои потписот на Зоран Заев. Тоа значи дека не постои никаков судир на интереси, како што обвинува господинот Мицковски. Очигледно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прави залуден обид да ја дискредитира Општина Струмица и да го наруши угледот на поранешниот градоначалник, а сега претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се вели во реакцијата на општината.

Оттаму додаваат дека дека се било согласно законот, зборува фактот дека споменатата продажба на градежно земјиште се случила во време кога на власт била ВМРО ДПМНЕ, па доколку имало нешто кое се коси со Законот, нивните институции сигурно ќе реагирале, особено кога се работи за Општина Струмица и Зоран Заев.

Поврзани новости