Турската амбасадорка повика децата да не се запишуваат во „Јахја Кемал“ за да не станат терористи

by fokus

„Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“, со овие зборови за Приватното гимназиско училиште „Јахја Кемал“, турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара, ја промовираше Фондацијата „Мариф“ вчера во Скопје, објави Portalb.mk.

Таа го нарече Приватното гимназиско училиште „Јахја Кемал“ терористичка организација и апелираше до родителите децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“ „доколку во иднина не сакаат да бидат терористи“.

-Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата „Мариф“. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на „Мариф“, бидејќи „Јахја Кемал“ не нè претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка оргaнизација, на суштински начин, и тоа да не остане само на декларативно ниво, рече Кара.

Поврзани новости