Шеф на делегацијата на ЕУ: Уништен конзулатот на Словенија во Харков

by Fokus

Конзулатот на Словенија е уништен во денешниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас.

– Како колатерална дипломатска штета е уништен и словенечкиот конзулат во Харков“, напиша Масикас, заедно со видеото на кое се гледа како проектил ја погодува зградата.

Советникот на Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Херашченко претходно денеска изјави дека најмалку 10 лица загинале, а 35 се повредени во денешните ракетни напади на руските сили врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина. гт/

The Slovenian Consulate in Kharkiv was destroyed as a “collateral diplomatic damage” as well. pic.twitter.com/gFpQqX7tQK

— Matti Maasikas (@MattiMaasikas) March 1, 2022

Поврзани новости