Шахпаска: Сведок на насилство е должен е да го пријави, а институциите да постапат

by Fokus

Заради надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Според неа, ова законско решение претставува нов исчекор по постапувањето на институциите и предвидува мултисекторски, институционален и координиран пристап во справувањето со насилството во сите облици.

Во врска со случајот со „Јавна соба“, министерката истакна дека охрабрува чекорот на девојките кои беа жртви на насилство почнуваат гласно да говорат. Таа зборуваше и за одговорноста на институциите која, како што рече, е огромна и обврзувачка.

-Токму новиот Закон предвидува постапување со должно внимание односно секој кој е вработен во некоја институција, сведок на насилство, должен е да го пријави. Прва инстанца се Центрите за социјална работа или Полицијата кои се должни да постапат, а судот во рок од 24 часа, носи одлука согласно констатираниот полициски извештај. Целта на новото законско решение е да ја подигаме јавната свест, да говориме отворено за насилството, да го превенираме , а доколку истото се случи да се превземат мерки, како итни ,така и за поддршка и заштита на жртвата, истакна министерката Шахпаска во интервју за радио Канал 77.

Поврзани новости