(ВИДЕО) Вучиќ: Ќе добиеме уште еден милион вакцини

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  најави дека за еден месец во Србија ќе пристигнат уште милион дози вакцини против корона вирус.

„Почитувани граѓани на Србија. Се извинувам што сум облечен вака, но утрово имав разговори со наши пријатели ширум светот, за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани”, рече Вучиќ.

Тој рече дека е горд на граѓаните на Србија што сериозно ја сфатиле важноста на вакцинацијата и дека здравјето е најважно.

„Пред почетокот на март, за само еден месец, ќе добиеме уште еден милион вакцини, добив цврсто ветување“, рече Вучиќ.

Видеото можете да го погледнете на овој ЛИНК

Поврзани новости