Сервер: Можни се санкции против поединци од власта

by Фокус 17:16
17:16

Поранешниот американски дипломат, Даниел Сервер, за Дојче Веле вели дека е можно да има санкции против поединци од македонскиот државен врв по одлуката за амнестија на претседателот Иванов.

-Одлуката на Иванов е збунувачка. Оваа крајно несоодветна амнестија се случува како продолжение на скандалот со прислушувањето кој откри широко распространети злоупотреби од страна на владата. Време е да се расчисти сето тоа, вели Сервер.

Сервер додава дека до вакви работи доаѓа во демократии кога дел од оние на власт забораваат дека треба да бидат одговорни, правно, но и пред електоратот.

- Advertising -

 

Поврзани новости