Семафор паднал врз Кумановец

by Fokus

Полицијата соопшти дека кај нив бил пријавен случај кога сообраќаен знак- семафор паднал врз жител на Куманово

„Вчера во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот ‘Трета македонска ударна бригада’ и ‘Тоде Мендол’ врз него паднал светлосен сообраќаен знак – семафор. Случајот е документиран и известена е надлежната институција“, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Поврзани новости