Селмани: Резултатите од првиот круг на претседателските избори ќе ја дефинираат сликата за парламентарните избори

by Fokus

Имер Селмани – екс кандидатот за претседател на државата на ТВ24 рече дека годинава кампањата ќе биде поинтересна со седум кандидати за шеф на државата.

– Познати и се кандидатите на јавноста и сите имале поголемо политичко искуство. Нема потреба за анализа на кандидатите зошто јавноста веќе ги анализирала. Имавме избори во минатото каде имавме нови кандидати, а тука имаме кандидати кои се добро познати. Овие претседателски избори во вториот круг се совпаѓаат со парламентарните, но по тежината и по инпутот што ќе го дадат, нема само да квалификува двајца кандидати кои ќе влезат во вториот круг. Резултатите од првиот круг на претседателските избори ќе ја додефинираат сликата на изборите на резултатите од парламентарните избори – порача Селмани.

Поврзани новости