Путин: Русија во моментов е четврта земја во светот по извоз на земјоделски производи

by Fokus

Русија во моментов е четврта земја во светот по извоз на земјоделски производи, со приходи кои лани изнесувале 43,5 милијарди долари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Станавме четврта земја во светот за извоз на земјоделски производи, а прва земја во светот за пченица, рече Путин и изјави дека до неодамна таквите резултати изгледаа апсолутно нереални, пренесува Тасс.

Наведе дека во 2022 година е остварена реколта од 157 милиони тони жито, а лани била 147 милиони тони и посочи дека во земјоделската сезона 2023-2024 година извозот на жито може да достигне 65 милиони метрички тони.

Во последната сезона извезовме меѓу 50 и 53 милиони метрички тони, а тоа може да се зголеми на 65 милиони, рече Путин.

Тој посочи дека Русија речиси повеќе не е зависна од увоз на храна.

Зависноста од увозот во 2000 година беше речиси во сите главни компоненти на снабдувањето со храна на земјата, но таа повеќе не постои, рече Путин.

Поврзани новости