Политичкиот аналитичар Имер Селмани во гостување на тв21 рече дека на претстојните локални избори граѓаните треба да се фокусираат на локални проблеми и конкретни теми, наместо на широка национална реторика.
„На изборите треба да ги третираме темите Вардариште, Дрисла, немање јавен превоз, дивоградби…“, рече Селмани.
Тој додаде дека како држава сме зрели и дека изборите биле регуларни и прифатливи од политичките чинители, со очекување трендот да продолжи.
Селмани рече дека, иако доминираат локални теми, политичките чинители се обидуваат да дебатираат и да даваат ветувања.
„На овие избори треба да зборуваме зошто се уште го имаме Вардариште, зошто го имаме Дрисла, зошто имаме дивоградби. Комуналните услуги треба да се анализираат, како и недостатокот на јавен превоз. На пример, во Чаир, ако една од темите беше дивоградбите, гледаме дека двајцата кандидати се потрудија да донесат експерти и стручњаци кои со мастер-план ќе ги решат проблемите“ додаде Селмани.