Села свика Централно собрание на партијата на кое ќе се бара одговорност од Таравари

by Fokus

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците Зијадин Села вечерва одржа прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, на која рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Арбен Таравари за неговата иницијатива – партијата да оди на избори заедно со албанскиот опозициски блок.

Според него, сето тоа претставува злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата, поради што свика Централно собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

„ Се работи за уште едно длабоко кршење на статусот на партијата. Нема такво право. Злоупотреба на позицијата која ја има. Потписите не се вистините, тоа е една голема лага. Само да се вметне несигурност и недоверба меѓу луѓе кои делат ист идеал и затоа се во оваа политичка партија. Алијанса за Албанците не е партија за потписи. Затоа дојдов тука за да ја кажам вистината“ рече Села и порача дека во сабота ќе се види кој каде е.

Претходно од партијата објавија дека лидерот Арбен Таравари ја добил поддршката од 80 од вкупно 133 членови на Собранието, за иницијативата партијата да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.

Поврзани новости