Села не се повлекува: Ковачевски, Ахмети и Гаши немаат легитимитет

by Фокус

Лидерот на Алијанса за Албанците, на денешното Централно собранието на партијата, истакна дека нема да поднесе оставка од лидерската функција до одржувањето на Конгресот во март. Тој порача дека ќе одлучи дали повторно да се кандидира за прв човек на АА зависно од расположението на партиските структури.

-Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидам претседател на партијата сѐ до наредниот конгрес – рече Села.

Тој додаде дека владината коалиција можеби има уставно право за формирање нова Влада, но нема легитимитет. Според него, Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Африм Гаши немаат легитмитет.

-Ковачевски не може да има никаков легитимитет, поради самиот факт што токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет нема ниту Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со само едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години, со промовирање фигури и импровизирање владини состаноци. Алтернатива не може да има легитимитет, бидејќи заедно со Алијанса за Албанците доби мандат да направи промени во албанското општество – рече Села.

Поврзани новости