Села: Без официјализирање на албанскиот јазик не преговараме

by fokus

Алијансата на Албанците нема да даде поддршка за формирање на нова влада никому, ако не се прифати барањето за официјализирање на албанскиот јазик. Ова го изјави претседателот на партијата, Зијадин Села, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

За Села прифатлива е широка коалиција, но под услов во неа да нема фунционери осомничени од СЈО.

Според него нови предвремени избори само би ја компликувале ситуацијата, а тие, како што вели, сакаат што побрзо да се формира влада.

 

Поврзани новости