Села бара техничка влада: Интеграцијата не треба да се потпира на обвинети министри и пратеници-терористи

by Фокус

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за меѓународниот “ЕУ обсервер”, апелираше политичките партии да се обединат и да го отворат патот за формирање на техничка влада.

-Сите лидери на политичките партии да седнат заедно и да постигнат договор, така што новиот устав ќе ги адресира овие проблеми во вистински европски дух. Ова ќе го отвори патот за воспоставување на техничка влада која има легитимитет, како и кредибилитет за измена на уставот пред да одат на предвремени избори – рече Села.

Тој додаде дека аспирациите на земјава треба да се базираат на културната и јазичната разновидност, како и на доброто владеење без политичари вклучени во кривичните предмети.

-Ова значи дека процесот на европска интеграција на Македонија не треба да биде предводена од страна на политичарите кои се под истрага за корупција или се потпираат на пратеници-терористи кои бараат амнестија – порача лидерот на АА.

Поврзани новости