Села бара оставки и формирање на широка Влада

by fokus

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села побара оставки од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Одговорните за ова што се случи синоќа имаат име и презиме, а тоа се премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Сите тројца треба да поднесат оставка, рече Села.

Според него, треба да се формира широка Влада, а заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори.

-Земјата мора да формира широка Влада и до локалните избори да се изнајде заеднички јазик со Бугарија. Дотогаш, оваа Влада мора да го деблокира овој јазол. Заедно со локалните, треба да се оди и на предвремени парламентарни избори, поради овој неуспех, додаде Села.

Поврзани новости