Нападната вработена во ковид центарот во „8-ми Септември“, мртов маж донесен во „Јане Сандански“

by fokus

Вработена во амбулантата во ковид центарот во Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера пријавила дека пред пет дена била нападната на работното место.

За инцидентот соопштува МВР, но освен тоа дека триесет и четиригодишната жена била физички нападната од едно лице на 13-ти месецов, други информации нема.

Полицијата работи на расчистување на случајот што се случил во ковид центарот каде секојдневно има редици пациенти кои чекаат за преглед во градската болница.

Во СВР Скопје вчера пак во 23:35 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на пунктот во поликлиника „Јане Сандански“ бил донесен Р.Д.(70) од Скопје без знаци на живот.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости